Ватерполистите на Србија и Грција ќе играат во полуфиналето на Светското првенство во Јапонија.
Ова е епилогот по првите два четвртфинални дуели на Мундијалот во водени спортови, што се одржува во Фукуока.
Светот ќе добие нов шампион, бидејќи Србите го елиминираа актуелниот Италија и тоа по изведување на пенали.
Во интересен и неизвесен меч во кој ниту една од селекциите не успеа да оствари поголема предност регуларниот дел заврши 11-11. Во пенал „рулетот“ подобри беа српските ватерполисти реализирајќи четири наспроти трите на Азурите.
Противникот на Србите во полуфиналето репрезентацијата на Грција, исто така во неизвесен меч ја победи Црна Гора со 11-10.
Кој ќе биде вториот полуфинален пар на Мундијалот, ќе дознаеме по натпреварите, Унгарија – САД и Шпанија – Франција.