Младата македонска репрезентативка Теодора Дукоска е новото засилување на тимот на Чаир. Таа по една година повторно се враќа во овој клуб.
Ова е шесто засилување за екипата на Чаир. Претходно потпишаа Марија Галевска, Клеа Ајвази и турската репрезентативка Севда Озкан и репрезентативките Ивана Џатевска и Бојана Диневска.
Теодора Дукоска игра на позицијата десен бек а воедно може да одигра и како десно крило, во новата сезона ќе го носи дресот на Чаир.
Теодора претходната сезона беше дел од екипата на Ѓорче Петров со кои завршија на првото место во женската Супер лига.
Дукоска е капитен на женската младинска репрезентација на Македонија со која заедно настапуваа на Европското првенство што се одржа во Романија.
Чаир претходната сезона заврши на третата позиција и си обезбеди место во Европскиот Куп.
Прв натпревар во Европскиот Куп на Чаир ќе биде против екипата на Венло од Холандија.
Ивона Кимовска