Младинскиот репрезентативец на Португалија, Нилтон Мело (19 год.) го засили Вардар откако потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“.
Игра на позиција лев бек и треба да биде поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски на таа позиција. Претходно Вардар го промовира и Кубанецот, Хансер Микел Родригер.
Младиот Нилтон потекнува од Спортинг Лисабон, но во борба за минутажа често настапувал како позајмен ракометар. Има само 19 години, а изминатава сезона играше во португалското првенство за Викторија каде има настапено на 24 натпревари.
Нилтон ги мина лекарските прегледи и веќе неколку денови тренира со тимот, и ќе продолжи со подготовките за новата сезона.
Покрај Скопје, тимот заминува за Маврово каде ќе остане повеќе денови и ќе собира сила пред да почне да игра контролни средби.
Покрај португалскиот и кубанскиот интернационалец, Вардар досега потпишаа и со Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ и Матија Николиќ.