Екипите на Вардар и Воска иако изборија пласман во прволигашката конкуренција, сепак статусот не им е потврден.

Двата клуба сеуште ја немаат комплетирано документацијата за добивање лиценца за настап во Првата лига, согласно правилата на УЕФА.

Тие до Комисијата за лиценци при ФФМ најдоцна до среда (26 јули) треба да ја достават комплетната документација.

Тоа е и причината поради која досега се немаат одржано ждрепките за Купот и првенството, чиј старт треба да биде првиот викенд во август.

Двата клуба имаат свои проблеми околу комплетирањето на документацијата без која сосема јасно не можат да добијат „зелено светло“ за настап.

Ќе го испочитуваат ли овој „последен“ рок скопјани и охриѓани останува да видиме!?