Без промени во ТОП-10 на најновата ВТА листа овој понеделник. Но, затоа најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи голем пад.
Откако минатата недела направи скок од 25 места и беше рангирана на 224-тата позиција, сега тетовката падна за 28 позиции.
Лина минатата седмица настапи на фјучрс турнирот во чешкиот град Оломуц, каде беше елиминирана во второто коло.
Сега Ѓорческа е рангирана на 252-то место на ВТА листата.
Редоследот во ТОП-10 останува ист.
Прва и натаму е Ига Швионтек, пред Арина Сабаленка и Елен Рибакина. Зад ова трио следуваат: Џесика Пегула, Каролине Гарсија, Онс Џабер, Коко Гуф, Петра Квитва, Марија Сакари и Маркета Вунрушова.