Додека екипата на Вардар е на подготовки во Златибор, од клубот стигна информацијата за ново засилување.

Станува збор за 24 годишниот стандарден репрезентативец на Андора, Алберт Алаведра.

Алаведра кој игра на позицијата централен дефанзивец, е четврто засилување на Вардар во летниот преоден.

Тој потекнува од младинската академија на Еспањол, а во својата кариера меѓу другото настапувал за Алгесирас, Манреса, Бадалона, Приморје.

За репрезентацијата на Андора засега има 26 настапи.