Одбојкарите на Јапонија го освоија бронзениот медал во Светската лига на нации.
На завршниот турнир што се игра во полскиот град Гдањск, Јапонците во дуелот за 3.место ја победија Италија со 3:2.
Интересен меч одиграа овие две селекции. Јапонците ги добија првите два со 25-18 и 25-23. Следните два поуспешни беа Азурите кои возвратија со идентични 25-17.
Иако се чинеше дека Италијанците ќе направат комплетен пресврт, тоа не се случи. Јапонските одбојкари покажаа карактер па популарните „самураи“ го добија сетот со 15-9, а мечот со 3:2.
Ова е прв медал за јапонските одбојкари во Светската лига на нации.
Вечерва пак од 20 часот ќе се игра големото финале. Во него за првото свое злато во ова натпреварување ќе се борат домаќините Полјаците кои за противници ќе ги имаат Американците.
VNL 🥉 HISTORY FOR JAPAN 🇯🇵!
— Volleyball World (@volleyballworld) July 23, 2023
Yuki Ishikawa & Team Japan 🇯🇵 finally won their first international medal after 14 years.
🏆 #VNL2023 #VNLFinals pic.twitter.com/rtjP3ikNls