На задоволство на домашната публика Полска е првиот финалист во Светската одбојкарска Лига на нации.
Во полскиот град Гдањск каде се одржува завршниот турнир, Полјаците со 3:1 во сетови во полуфиналето ја победија Јапонија.
Мечот лошо започна за домаќините. Јапонија го доби првиот сет со 25-19, а во вториот пропушти две сет топки, па Полска со 28-26 го доби сетот и израмни на 1:1.
Тоа како да им даде мотив повеќе на полските одбојкари кои бодрени од домашната публика одиграа фантастично во продолжението.
Третиот сет го добија убедливо со 25-15, а четвртиот со 25-21 за конечни 3:1.
Кој ќе биде противник на Полска во удреното финале ќе дознаеме по мечот меѓу САД и Италија.
Потсетување дека Полска ќе ја гледаме во Скопје на Европското првенство. Полјаците ќе бидат противници на напите одбојкари во 3.коло од Ц групата закажано за 3-ти септември.