Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес оствари најдобро време на последниот тренинг пред квалификациите за ГН на Унгарија.
На патеката Хунгароринг, Хамилтон оствари време од 1:17:811 минути. Британецот беше побрз од двајцата возачи на Ред Бул, Макс Верстапен и Серхио Перез.
Зад ова трио изненадувачки заврши Нико Хулкенберг од Хас. Најдобрата 10-ка ја комплетираат: Норис, Расел, Леклерк, Саинц, Алонсо и Ботас.
Овој тренинг беше најава за она што следува. Тоа се денешните квалификации за пол-позицијата (од 16 часот), односно стартниот редослед, по кој утре ќе почне 11-тата трка оваа сезона.
Неделната трка за Големата награда на Унгарија ќе започне од 17 часот.