Возачот на Мерцедес Џорџ Расел беше најбрз на првиот тренинг во пресрет на Формула 1 трката за Големата награда на Унгарија.
Расел постигна резултат од 1:38.795 минути на дождлив ден и влажна патека на Хунгароринг.
Оскар Пјастри од Мекларен беше втор со заостанување од 0,359 секунди, а трет Ленс Строл од Астон Мартин со 1,218 секунди.
Ландо Норис од Мекларен беше четврти, Фернандо Алонсо од Астон Мартин беше петти, Валтери Ботас од Алфа Ромео беше шести, а Шарл Леклер од Ферари беше седми.
Седум возачи не постигнаа резултати, меѓу кои актуелниот шампион од Ред Бул Макс Верстапен, Луис Хамилтон од Мерцедес и Даниел Рикиардо, кој до крајот на сезоната ќе вози за Алфа Таури.
Почетокот на тренинзите го означи несреќата на Серхио Перез, кој во таа прилика го оштети својот болид на Ред Бул, додека возачот на Ферари, Карлос Саинц се сврте на патеката. Поради тие инциденти, тренингот беше прекинат во два наврати.
Вториот тренинг ќе се вози од 17 часот.
Квалификациите се на програмата утре од 16.00 часот, а трката за Големата награда на Унгарија е в недела од 15:00 часот.
Sergio Perez clips the grass and his FP1 ends in the barriers 💥#HungarianGP #F1 pic.twitter.com/2sWABZXYQl
— Formula 1 (@F1) July 21, 2023