Женскиот фудбалски клуб Тиверија од Струмица сериозно размислува за да ја нападне првата позиција во новата сезона. Тоа го докажуваат со две нови засилувања, Теа Божиновска и Викторија Недева.
Теа Божиновска доаѓа од хрватското првенство, од екипата на Ријека. Ова за неа ќе биде втора епизода во Тиверија откако претходно настапуваше во период од 2018 до 2020 година. Теа исто така е дел од сениорската репрезентација на Македонија и ќе претставува сериозно засилување во офанзивата на Тиверија.
Викторија Недева која настапува на одбранбената позиција, исто како и Божиновска доаѓа од хрватското првенство, поточно од екипата на Хајдук Сплит. Со своето шест месечно искуство во Хрватска и тоа што е стандарден член на сениорската репрезентација на Македонија, ќе биде големо засилување за екипата на Тиверија.