На 86-годишна возраст, почина легендарниот хрватски и југословенски кошаркарски тренер, а потоа и функционер Мирко Новосел.
Новосел во осумдесеттите години остави голем белег прво во југословенската, а потоа и хрватската кошарка.
Откако беше успешен играч, имаше и забележителна тренерска кариера. Колку беше добар на тој терен говори и тоа што и официјално е нај одликуваниот хрватски тренер на сите времиња.
Како селектор, ја предводеше поранешна Југославија до пет медали – две европски злата (1973, 1975), светско сребро и олимписко сребро и бронза.
Тој е креатор на Цибона, со која го освои Купот на шампионите во 1985 и 1986 година, три пати беше шампион на Југославија, а седум пати го освојуваше Купот.
Во 1993 година, како селектор на Хрватска ја освои бронзата на Евробаскетот.
Тој беше примен во Куќата на славните во 2007 година.