Досегашниот сопственик Михајло Михајловски се повлече од РК Вардар, во кој ќе ја има само советодавното улога.
Ова на денешната прес конференција на црвено-црните го потврди Михајловски.
,,Јас лани најавив дека сакам да се повлечам. Тоа и го правам. Не сакав Вардар да го оставам така. Па откако најдов луѓе кои со срце ќе работат за Вардар, сега решив тоа да го сторам”, изјави Михајловски.
Тој уште еднаш потенцираме дека и покрај големите ветувања пред се од државата тој не добил никаква помош. Одлуката на ЕХФ за суспензија на црвено-црните и отсуството од европските купови беа причина за намалување на интересот на спонзорите.
Борко Ристовски ќе ја има улогата на Извршен директор, додека Емил Угриновски ќе биде еден од не извршните директори на Вардар.