Емил Угриновски на денешната прес-конференција на РК Варар беше преставен како неизвршн директори.
Тој ќе има тешка задача да ги убеди идните спонзори да инвестираат во клубот.
Угриновски најави дека ракометниот како и фудбалскиот тим на Вардар, ќе пушти во продажба годишната членска карта. Со тоа навивачите ќе имаат можност да помогнат во развојот на клубот.
„Најголема мотивација за да постигнеме успех ќе ни биде публиката, која со купување на годишната членска карта, ќе може да не поддржува на сите натпревари во Македонското првенство, како и во Европската лига. Со ова, ќе можат да му помогнат и на клубот“, изјави Угриновски.
Угриновски посочи дека во моментов Вардар создава нова екипа, која ќе се бори за подобар пласман од претходната сезона. Угриновски вели дека тоа што не играат во Лигата на шампиони е голем хендикеп, но, сепак, тој е оптимист и верува во овој тим.
На ждрепката на Вардар се падна Рајн Некар, што е силна екипа, која го освои Купот на Германија. Вардар и Рајн Некар Левен првиот натпревар ќе го играат на 26/27 август во Скопје, додека реваншот се игра една недела подоцна во Германија.
Ивона Кимовска