Евролигата го објави распоредот за сезоната 2023/2024, во која ќе играат истите 18 екипи како и претходната сезона.
Првата рунда закажана за 5 и 6 октомври. Најинтересно се очекува да биде во грчкото дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос. Вниманието секако ќе биде насочено кон Костас Слукас, кој црвениот го замени со зелениот дрес на Панатинаикос.
Првиот ден (5 октомври) ќе се игра и германското дерби меѓу Баерн и Алба Берлин. Интересно ќе биде и во Барселона каде ќе гостува Анадолу Ефес. И двете српски екипи ќе играат на првиот ден. Црвена Звезда на домашен терен со Асвел, а Партизан гостува во Тел Авив.
Покрај грчкото дерби, на 6 октомври закажано е и шпанското меѓу Басконија и бранителот на шампионскиот трофеј Реал Мадрид.
Лигашкиот дел ќе заврши на 11 и 12 април. Се играат 34 кола, од кои седум ќе бидат „двојни кола“ во иста седмица. Новововедениот е плеј-инот за клубовите пласирани од 7 до 10.место, а ќе се игра на 16 и 19 април.
Четвртфиналната серија ќе започне на 23 и 24 април, ќе заврши на 30 или 1 мај, а најдоцна на 8 мај.
Фајнл-форот е закажан за периодот од 24 до 26 мај во Берлин. Титулата ја брани Реал Мадрид