Одбојкарките на Турција се годинашни победнички на Светската лига на нациите.
На завршницата што се одржа во американскиот град Арлингтон, Турчинките во финалето ја совлада селекцијата на Кина со со 3:1.
Првите два сета се водеше рамноправна борба. Првиот го добија Турчинките со 25:22, а со ист резултат во вториот возвратија одбојкарките од Кина. Во продолжението селекцијата на Турција демонстрираше врвна одбојка па ги дови третиот и четвртиот сет убедливо со 25:19 и 25:16.
За женската репрезентација на Турција ова е прв трофеј во Светската лига на нации.
Како третото рангирана заврши селекцијата на Полска која во дуелот за бронзата ги совлада домаќинките Американките 3:2 по сетови (25:15, 16:25, 25:19, 18:5, 17:15).