Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела напредуваше на двете ранг листи.

Во поединечна конкуренција. Со пласманот во полуфиналето во Рим освои 29 поени и со 323 поени се наоѓа на 224 место или има скок од 25 места.

Во конкуренција на двојки. Пласманот во финалето од минатата недела во Лиепаја и 48-те поени и го донесоа 366 место со вкупно 205 поени.

Ѓорческа оваа недела ќе настапи на фјучрс турнирот во чешкиот град Оломуц што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Лина лани на овој турнир играше во финалето и беше поразена од домашната тенисерка Сара Бејлек. Годинава тетовката  е рангирана како петта носителка.

Од македонските тенисерки. Магдалена Стоилковска со 3 поени е на 1.367 место, со тоа што поенот од фјучрсот во Бакау ќе и биде забележан следната недела.

Во конкуренција на двојки ранг има и Александра Симева која се наоѓа на 1.411 место со 3 поени.