Во сенка на тенискиот Гред-слем Вимблдон, минува завршницата на уште едно големо натпреварување. Светската одбојкарска лига на нации

Одбојкарките на Кина и Турција ќе играат во финалето на Светската одбојкарска лига на нации, чија завршница се одржува во американскиот град Арлингтон.

Ова е епилогот по одиграните полуфинални дуели во кој одбојкарките од Куна убедливо во три сета со 25-18, 25-23 и 25-23 ја доби селекцијата на Полска.

Турчинките пак ги изненадија домаќинките Американките совладувајќи ги со 3:1 во сетови. Првите два сета ги добија одбојкарките од Турција релативно лесно со 25-21 и 25-14. Во третиот Американките се вратија во игра добивајќи го со 26-24. Сепак во четвртиот сет по голема борба Турчинките славеа со 27-25 за конечни 3:1 и пласман во финалето.

Така вечерва од 21 часот, за бронзениот медал ќе играат САД и Полска, а во финалето за златото и трофејот ќе се борат Турција и Кина.

Почетокот на финалниот меч е закажан за 30 минути по полноќ.