Во тек е финалето на годинашното издание на Вимблдон. Во него играат двајцата најдобро рангирани тенисери на АТП листата.
Првиот Карлос Алкараз против вториот Новак Ѓоковиќ во дуелoт за трофејот.
Иако најтрофејниот Ѓоковиќ фантастично го почна мечот и за 35-минути го доби првиот сет, сепак сега предноста е на страната на Шпанецот.
20-годишниот Алкараз игра фантастично во продолжението и има предност од 2:1 во сетови. Тој го доби вториот сет во тај-брејкот (7-6) со 8-6 на поени, а до предност се стекна добивачи го третиот со убедливи 6-1.
Популарниот Ноле делува немоќно, и во неколку наврати се најде на колена пред налетот на младиот Шпанец. Ќе успее ли Ѓоковиќ по којзнае кој пат да се врати во игра останува да видиме.