Карлос Алкараз е новиот шампион на Гренд-слемот Вимблдон. 20-годишниот Шпанец ја прекина четири годишната доминација на Новак Ѓоковиќ на терените во Лондон. 

Алкараз во финалето, по 3 часа и 42 минити игра, го победи Ѓоковиќ со 3:2 во сетови

Иако Ѓоковиќ одлично го почна мечот. направи брејк уште на првите два сервиси на Шпанецот, за водство од 4-0, а сетот го доби со убедливи 6-1.

За разлика од првиот сет што траеше 35-минути, вториот се играше 1 час и 25 минути.

На почетокот Алкараз прв направи брејк за водство од 2-0, но Ѓоковиќ веднаш возврати со ри-брејк (1-2). До крајот на сетот двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, па сетот се решаваше во тај-бреј. Иако Ѓоковиќ имаше сет топка, Алкараз успеа да се извлече, а потоа и да го добие, со 8-6 на поени.

Тоа му даде дополнителен мотив на 20-годишниот Шпанец, кој уште во првиот гем направи брејк. Во шестиот гем уште еден па Шпанецот го доби сетот со убедливи 6-1.

Во четвртиот сет, Ѓоковиќ направи брејк во петтиот гем  за водство од 3-2. Таа предност Србинот знаеше да ја искористи и го доби сетот со 6-3 за израмнување на 2:2 во сетови. 

Во решавачкиот пети сет, клучен  беше третиот гем кога Алкараз направи брејк. Ѓоковиќ не успеаја да се врати, па Шпанецот го доби сетот со 6-4, а мечот со 3:2.

Со овој триумф младиот Шпанец ја прекина победничката серија од 34 меча без пораз во Лондон, на Ѓоковиќ, а воедно доминацијата на освоените четири трофеи во низа. 

Алкараз и во своето второ финале на Гренд-слем турнирите стигнува до вториот трофеј. Во првото, лани во Њу Јорк, го победи Каспер Руд и го освои трофејот на УС Опен.