Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Рим. Таа го загуби полуфиналниот меч од Ралука Георгиана Сербан од Кипар со 2-1 во сетови (5-7, 6-4 и 6-4).
Првиот сет по голема борба и пресврт и припадна на македонска тенисерка. По 3:3 во гемови Сербан поведе со 5:3, но следуваше серија на Ѓорческа од четири гема за 7:5 и водство од 1:0.
Во вториот сет противничката поведе со 2:0, откако направи брејк. Водеше и со 4:1, но нашата тенисерка успеа да намали, но не и да направи комплетен пресврт. Сербан го доби сетот со 6:4 за изедначување на 1:1.
Во решавачкиот трет сет се водеше вистинска борба. Сербан направи брејк за водство од 1:0 и таа предност ја имаше до 8.миот гем (4:3). По 20 одиграни поени во гемот Ѓорческа ја искористи 6.та брејк топка и изедначи на 4:4. Но, во следниот гем на свој сервис нашата тенисерка го загуби гемот без освоен поен. Осмиот гем беше најава на вистинската драма во 10-тиот гем.
Ѓорческа поведе со 40-15 на сервис на противничката, но потоа наизменично тенисерките освојуваа поени. Нашата тенисерка не реализираше седум брејк топки, а притоа спаси четири меч топки, но не и петтата. Тоа на Сербан и донесе освојување на гемот и сетот со 6:4, а со тоа и мечот го доби со 2-1 во сетови.
За пласманот во полуфиналето Ѓорческа ќе освои 29 поени.