Онс Џабер и Маркета Вондрушона попладнево ќе се борат за трофејот на Вимблдон. Двете тенисерки минаа трновит пат до големото финале, елиминирајќи ги топ-3 тенисерките.
Тунижанката која лани загуби во финалето од Елена Рибакина, стана првата жена по Серена Вилијамс (2018 и 2019 година) која две години по ред стигнала до големото финале.
Џабер досега има одиграно две Грен-слем финалиња. Покрај поразот од Рибакиина, Тунижанката лани го изгуби и финалето на УС Опен од Ига Свјонтек.
Нејзината противничка Маркета Вондроусова втор пак во кариерата е во трка за трофеј од „големата четворка“. Таа беше вицешампионка на Ролан Гарос во 2019 година, каде загуби од Ешли Барти. Чешката тенисерка може барем да се пофали со сребро од Олимпијадата во Пекинг, каде загуби од Белинда Бенчиќ.
Џабер или Вондрушова, која и да победи, за неа тоа ќе биде прв трофеј од Гренд-слем турнирите.
А, која ќе се радува останува да видиме по финалето што ќе почне од 15 часот.