Штип четврти пат е биде домаќин на Балканското првенството одбојка на песок за играчи до 22 години.
До денеска до недела, на теренот на спортскиот центар „Џексон“ ќе се натпреваруваат 17 репрезентации од пет држави, девет во женска и осум во машка конкуренција.
Македонија ќе има четири екипи, Кирил Глаев и Давид Киров се во првата, а Трајче Барбареев и Тоше Ефремов во втората.
Кај дамите двојките ќе ги сочинуваат Мила Вакувска и Добрина Хаџи Тосева (МКД-1), односно Моника Костовска и Стефанија Кипријановска (МКД-2).
Програмата на првиот натпреварувачки ден започна утрово во 8.30 часот, а свеченото отворање е закажано за вечерва во 20.30 часот.