Новак Ѓоковиќ по пети пат во низа ќе игра во финалето на Вимблдон. Најтрофејниот светски тенисер, до своето вкупно деветто финале во Лондон, стигна со победата на Јанс Сеинер.
Во првиот полуфинален меч, Ѓаковиќ славеше победа над Италијанецот во три сета (3:0).
Првиот сет беше решен во вториот гем, во кој Србинот го направи единствениот брејк и го доби сетот со 6-3. Вториот сет мина по без малку со исто сценарио. Но, во него беше решавачки третиот гем, па Ѓоковиќ тој сет го доби со 6-4.
Третиот сет. Синер имаше две сет топки на сервис на Ѓоковиќ. Италијанецот не ги искористи, а во продолжението Србинот го доби сетот во тај-брејк (7-6) и мечот со 3:0.
Така Ѓоковиќ се избори за своето 35-то финале на Гренд-слем турнирите, во кое ќе атакува на 24-ти трофеј, а осми на Вимблдон.
Кој ќе биде негов противник во недела, ќе дознаеме по мечот меѓу Шпанецот, Карлос Алказар и Рудинот, Данил Медведев.
Во финалето кај дамите, утре (сабота) за трофејот ќе се борат Маркета Вондроушова и Онс Џабер.