Туниската тенисерка Онс Џабер е втората која обезбеди пласман во финалето на Вимблдон.

До своето второ последователно финале во Лондон, Тунижанката стигна со победата над втората носителка Арина Сабаленка совладувајќи ја со 2:1 во сетови.

Најнеизвесен беше првиот сет во кој се играше тај-брејк, а и пропадна на Белорусинката со 7-6. Во вториот сет. Иако Сабаленка прва направи брејк, сепак Џабер возврати со два и го доби сетот со 6-4.

Последниот трет сет беше решен во шестиот гем, во кој беше направен само еден брејк. Тоа го стори Тунижанката која во продолжението го доби сетот со 6-3, а мечот со конечни 2:1.

Така Џабер втора година во низа во Лондон ќе игра во финалето.  Овојпат на патот до трофејот на Вимблдон ќе ја има Водрушова, која претходно  ја совлада Свитолина.

Финалето на програмата е во сабота.