Чешката тенисерка Маркета Вондроушова е првата која обезбеди пласман во финалето на Вимблдон.
Во првиот полуфинален меч на Гренд-слемот во Лондон, Вондроушова ја победи Украинката, Елина Свотолина со 2:0 во сетови.
Во мечот што траеше само 76 минути, чешката тенисерка ги доби двата сета со 6-3.
За сребрената од Олимпијадата во Токио, ова ќе биде второ финале на Гренд-слем турнирите, прво на Вимблдон. Таа пред четири години (2019) играше во финалето на Роланд Гарос каде беше совладана од Ешли Бари.
Кој ќе биде противник на Вондроушова ќе дознаеме по мечот меѓу (2-носителка) Арина Сабаленка од Белорусија и (6) Онс Џабер од Tунис.
Дамите финалето на Вимблдон ќе го играат во сабота, а утре на програмата се полуфиналните дуели кај мажите.