Бранителката на трофејот на Вимблдон од минатата година, Елена Рибакина е елиминирана во четвртфиналната рунда.
За тоа се погрижи Тунижанката, Онс Џабер која ја совлада Рибакина со 2:1 во сетови. Иако Казахстанската го доби првиот сет во тај-брејкот со 7-6, следните два и припаднаа на Џабер со 6-4 и 6-3.
Џабер која е 6-та носителка во Лондон, за противничка во полуфиналето ќе ја има втората Арина Сабаленка. Белорусинката лесно во два сета се справи со Американката, Мадисон Кејс совладувајќи ја со 6-4 и 6-2.
Полуфиналето кај дамите на програмата е утре, а во првиот меч ќе играат Елина Свитолина и Маркета Вондрусова.
Денеска ќе го дознаеме и вториот полуфинален пар кај мажите откако, Данил Медведев и Кристофер Јубанкс, односно 1-носител Карлос Алкарас и Холгер Руне ќе ги одиграат своите мечеви од четвртфиналето.
Првото полуфинале кај мажите го сочинуваат Новак Ѓоковиќ и Италијанецот, Јан Синер.