Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз 19:30 во дуелот со соодветната селекција на Србија на ЕП за младинки што се одржува во Романија.
По овој петти пораз на шампионатот нашата репрезентација ќе разигрува за пласман од 13-16.то место.
Денешниот дуел нашите младинки го почнаа лошо, со грешки во играта, а противникот тоа го казнуваше и поведе 7:1, а таа предност ја зачува и на крајот од првото полувреме со 14:8.
Во вториот дел противничките само ја зголемија разликата од првите 30 минути и на крајот тоа беше убедлив пораз за Македонија.
Најефикасна на дуелот беше Невена Тодоровски од Србија со 8 голови, а кај Македонија Нена Нестероска постигна 5.
Во петок во првиот натпревар од разигрувањето за пласман Македонија ќе игра против Исланд, кој денеска ја победи Хрватска со 35:26.