Македонската репрезентација за кошаркари до 21 година го потврди пласманот во четвртфиналето на ЕП и првото место во групата А со победата над Ирска со 77:66 во последниот меч во групната фаза.
Иако лошо го почнавме натпреварот и првата четвртина која му припадна на противникот. Сепак до крајот на првото полувреме нашите младинци се консолидираа и во одбраната и нападот и конечно заиграа како што треба.
Вториот дел го добивме убедливо со (27:9), па така на полувреме имавме позитива од +12 коша за (39:27).
По паузата, можеби не бевме така ефикасни, но затоа пак продолживме со цврста игра во одбраната.
Ирците се потешко погодуваа, од друга страна, избраниците на селекторот Никола Василев умешно ја држеа „дистанцата“, која во 16.минута изнесуваше и 18 поени (50:32).
Слично беше и на крајот на овој период од играта, сигурно и убедливо водство (62:43). Тој резултат го имавме и во најголем дел од последната делница.
Но, едно мало опуштање во нашите редови предизвика Ирците, кои по природа, никогаш не се предаваат, да се доближат до негатива од само пет поени (71:66).
Кога беше најпотребно, прво погоди капитенот Митревски, потоа и Хот, а победата (77:66) вредна четврт-финале ја завери Петков.
Симиќ постигна 17, Хот 15 коша со 13 скока, а Наков застана на 10 коша.
Следниот натпревар нашата репрезентација го игра в петок на 14 јули кога во четвртфиналето ќе играме против Велика Британија која беше втора во Б групата со скор од (2-2).