Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе ја добие првата жена Генерален секретар. Ова меѓу другото е решено на денешната седница Управен одбор на  федерација.

Како што информираа од ФФМ, по истекот на вториот четиригодишен мандат на Генералниот секретар Филип Поповски, Управниот одбор го констатираше престанокот на законски утврдениот максимален мандат.

На седницата на Управниот одбор за нов Генерален секретар се назначи Наталија Илиевска Божиновска, инаку вработена во генералниот секретаријат на ФФМ.

По истекот на вториот четиригодишен мандат на Генералниот секретар Филип Поповски, Управниот одбор го констатираше престанокот на законски утврдениот максимален мандат.

На седницата на Управниот одбор за нов Генерален секретар се назначи Наталиа Илиевска Божиновска вработена во генералниот секретаријат на ФФМ.

Усвоени се пропозициите за Куп натпреварувањето за сезона 2023/24. Донесена е одлука за користење на средствата од Форвард 3 и Форвард 2 програмата на ФИФА за инвестициските проекти.

Усвоени се судиските, контролорските и делегатските листи за сезона 2023/24.