Карлос Алкараз и Данил Медведев го сочинуваат вториот пар во полуфиналето на Гренд-слемот Вимблдон.
Ова откако попладнево двајцата тенисери ги добија четвртфиналните дуели со своите противници.
Првиот носител, Шпанецот, Алкараз во три сета со 7-6, 6-4 и 6-4 славеше лесно во дуелот со Данецот, Холгер Руне.
Затоа пак Медведев одигра маратонски меч со Американецот, Кристофер Јубанкс. Русинот кој е трет носител во Лондон го доби првиот сет со 6-4. Следните два му припаднаа на Американецот со 106 и 4-6, а по голема борба во четвртѕиот Медведев за петти сет се избори по добиениот тај-брејк (7-6). Тоа како да го откажа Американецот, кој во решавачкиот петти сет осбои само еден гем (1-6), за Медведев со 3:2 да го добие мечот и да се пласира во полуфиналето.
Полуфиналето кај маќите на програмата е во петок, а покрајк Алкараз и Медведев, за место во финалето ќе се борат Ѓоковиќ и Синер.