Младинската женска репрезентација на Македонија денеска го одигра првиот натпревар од групата 4 против Норвешка на Европското првенство за ракометарки до 19 години, што се одржува во Романија. Македонија загуби од Норвешка со 23:29.
Натпреварот започна со серија од 2-0 за македонската репрезентација. Норвешка успеа да намали на 3:2. Норвешка се обидуваше да израмни во поголемиот дел од полувремето но, нашите младинки успешно ја одржуваа оваа предност. Македонија во оваа половина се покажа како поквалитетна, па на полувреме заминаа со два позитива (11:9)
Во втората половина, Норвешка успеа во 35-та минута да израмни, па потоа и поведе со 13:12. Противничките со серија од 5-0 во 40-тата минута, успеа да поведат и со пет гола разлика (18:13)., а само пет минути подоцна и со +7. Нашите младинки се обидуваа да ја намалат негативата па во 55-та минута намалија на 21:25, но не успеаја до крај да ја анулираат негативата па крајниот резултат беше 23:29 за репрезентацијата на Норвешка.
Марија Јанкуловска беше најефикасна од нашата репрезентација со девет гола, додека Бојана Коцева постигна четири погодоци.
Македонија утре игра против репрезентацијата на Србија со почеток од 12 часот.
Ивона Кимовска