Познат е првиот пар за полуфиналето на Гренд-слемот во Вимблдон во машка конкуренција.

Новак Ѓоковиќ и Јан Синер во петок ќе се борат за место во голеото финале.  Ова е исходот по денешните први четвртфинални дуели.

Вториот носител во Лондон, Новак Ѓоковиќ во три сета ги победи (7) Андреј Рубњев.

Иако Русинот го доби првиот сет со 6-4, сепак во следните три подобар беше Ѓоковиќ кој го доби со 6-1, 6-4 и 6-3, за со конечни 3:1 во сетови да се обезбеди ново полуфинале. 

Во него Србинот, за противник ќе го има Италијанецот, Јан Синер кој исто така со 3:1 славеше во дуелот со Русинот, Роман Сафулин (6-4, 3-6, 6-2 и 6-2). 

Така во полуфиналниот дуел број 1, меѓу Ѓоковиќ и Синер ќе се игра во петок, а кој ќе игра во второто ќе дознаеме утре откако ќе се одиграат преостанатите два четвртфинални дуели. 

Двојките за утре се, (1-носител) Алкараз Ц. (Шпанија) – (6) Холгер Руне (Данска)   (3) Данил Медведев (Русија) – Кристофер Јубанкс. 

Потсетување, во првото полуфинале кај дамите ќе играат Свитолина и Вондрусова.