Трагична вест ја потресе спортската јавност во Македонија, откако утрово беше обелоденето дека починал 19. годишен ракометар на новиот суперлигаш РК Аеродром. Македонскиот ракомет повторно е завиен во црно, почина Андреј Петрески

19-годишниот ракометар на новиот суперлигаш Аеродром, Андреј Петрески ненадејно почина во својот дом. Членовите на семејството, како и сите членови на РК Аеродром и цела ракометна и спортска Македонија се во шок од овој трагичен настан.

Петрески својата за жал кракта ракметна кариера ја мина во матичниот РК Аеродром. Тој беше и и на пошироките списоци на кадетската репрезентација на Македонија.

Последниот поздрав со Андреј Петрески е во капелата на гробиштата во Бутел, денес во 12:30 часот, додека погребот ќе биде на гробиштата во Камник.