Крајот на првата недела на Вимблдон носи осум интересни мечеви во двете конкуренции од осминафиналната рунда.
Програмата е отворена со чешкото дерби кај дамите во кое 32-та носителка Марија Бузкова за противничка ја има сонародничката Маркета Вондрушова. Потоа следува пресметката на Русинките меѓу Мира Андрејева и Ана Потапова (22).
Првата фаворитка Ига Швјонтек за противничка ја има Белинда Бенчиќ од Швајцарија, а 4-тата носителка Американката, Џесика Пегула ќе игра против Украинката, Лесија Тсуренко.
Кај мажите. Секако најголемо внимание ќе привлече настапот на најтрофејниот Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер кој на Вимблдон поради рангингот ја има улогата на втор носител за противник ќе го има Хуберт Хуркач од Полска.
Тоа ќе биде последниот меч кај мажите за денеска (почеток 17.45), а претходно ќе играат:
(20) Денис Шаповалов, Канада и Русинот, Роман Сафиулин, седмиот фаворит Андреј Рубљов за противник ќе го има Алесандро Бублик од Казахстан, додека осмиот Јан Синер од Италија ќе се сретне со пријатното изненадување Даниел Елахи Галан од Колумбија