Љубителите на боречките вештини ноќеска, па се до раните утрински часови, имаа можност да следат голем број на супер интересни борби во Ултимејт Фајт шампионатот или популарниот УФЦ.

Во „градот на пороците“ Лас Вегас се одржа 290-тото издание кое ќе го одбележи борбата на борецот со македонско потекло Александар Волкановски со младиот мексикански талент Јаир Родригез, а заврши со нокаут и триумф на Волкановски во третата рунда. 

И тоа не беше единствената борба во која победникот беше решен со нокаут. 

Серијата на предвреме завршени борби ја започна Мексиканецот, Хезус Агуеар кој по само 20-тина секунди го нокаутира својот противник Шенон Рос од Австралија. 

Во продолжение видео со сите најинтересни борби од 290-тото издание на УФЦ