Најдобро рангираната тенисерка на светот Ига Швјонтек од Полска експресно ја мина и втората рунда на Гренд-слемот во Лондон.
Топ фаворитката за трофејот на Вимблдон, без многу мака и за само 70.минути игра го доби мелот од 2.коло против Сара Сорибес Тормо од Шпанија, препуштајќи и на противничката само два гема во првиот сет (6-2 и 6-0).
Од носителките пласман во следната рунда обезбедија 11-тата Касаткина од Русија која исто така со 6-0 и 6-2 ја победи Британката Буриџ, 11-тата Остапенко загуби само еден гем повеќе во дуелот со Минен од Белгија.
Настапот на Вимблдон заврши за 8-та носителка Марија Сакари откако грчката тенисерка со 1:2 во сетови загуби од Украинката, Марта Костјук.