Екипата на Бутел Скопје и во следната сезона ќе може да смета на Стефан Крстевски. Имено, организаторот на играта, Крстевски ја продолжи соработката со Бутел Скопје и во следната сезона ќе биде задолжен за спроведување на тактичките замисли на тренерот Горан Кузманоски.

24-годишниот среден бек потекнува од екипата на Преспа Ресен за која играше до 2014 година, а потоа беше член на Вардар две сезони, настапуваше и за Вардар Јуниор до 2020. Играше и за Работнички, пред да се врати во Вардар, со кој беше дел од Лигата на шампионите.

Претходно тимот на Бутел Скопје, се засили со Александар Стојаноски, Лука Иваниќ, Дамјан Георгиев и Марко Стојанов, а договорите ги продолжија Димитар Ѓоргиевски, Кристијан Давитковски и Бојан Блажески.

Скопската екипа и наредната сезона треба да биде една од по конкурентните на триото Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Вардар кои изминатата сезона ги освоија првите три позиции.