Машката сениорска репрезентација на Македонија е на 18-тото место на најновото рангирање на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Рангирањето ЕХФ го направи според постигнатите резултати на три последните натпреварувања, Светските првенство од 2021 и 2023 година и Европскиот шампионат од 2022, како и дуелите од квалификациските натпревари.

Ова рангирање би требало да ја вметне нашата селекција во првиот „шешир“ при ждрепката за бараж натпреварите за Светското првенство, а водено наместо два би требало да ни донесе само еден натпревар.

Данска со 448 бода е лидер на на ранг листата, а по неа во ТОП 10 следуваат: Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Германија, Унгарија, Хрватска, Исланд и Словенија.