Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со 295 поени, колку што имаш и претходната недела има две места послаб ранг и сега се наоѓа на 249-то место на ВТА листата.
Таа за малку не успеа да влезе во квалификациите на Вимблдон, но оваа недела ќе настапува на турнир во Летонија во Лиепаја за награден фонд од 60.000 долари и е рангирана како 11-та носителка.
Во конкуренција на двојки Лина се наоѓа на 426-то место со 157 поени (пад за четири позиции).
Магдалена Стоилковска пак со 3 поени е рангирана на 1359-то место (пад за 15 места).
Во конкуренција на двојки ранг има и Александра Симева со 3 поени е рангирана на 1434-то место.