Женската младинска репрезентација на Македонија за ракометарки до 19 години, попладнево ќе го одигра третиот натпревар на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“.
Откако избраничките на селекторката Јулијана Дамчевска беа поразени на првите две средби од домашната селекција на Романија и вчера од Швајцарија, попладнево против Србија ќе имаат можност за поправен.
И Србинките како и нашата селекција на два пати беа поразен, а според прикажаното се противник со речиси ист квалитет како и црвено-жолтите.
Натпреварот меѓу Македонија и Србија е прв на денешната програма на „Трофеј Карпати“, а во вториот ќе се сретнат домаќинот Романија и репрезентацијата на Швајцарија.
Инаку, овие натпревари се дел од подготовките на нашите младинки за претстојното ЕП што исто така ќе се игра во Романија, од 6 до 16 јули, а на кое Македонија ја противници ќе ги има, Данска, Чешка и Црна Гора
Дуелот Македонија – Србија започнува во 14 часот, а можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.