Центарот на Реал Мадрид, Валтер Таварес ќе стане најплатениот кошаркар во Европа.
Според „Еурхупс“, тој ќе го обнови договорот со „кралскиот“ клуб и ќе потпише повеќегодишен договор вреден 5.милиони евра бруто или 2.8 милиони нето годишно откако ќе се одбијат даноците во Шпанија.
Постојниот договор на Таварес со Реал истекува во летото 2024 година, но по неколкумесечни преговори, 31-годишниот кошаркар реши да остане во Мадрид.
Горостас со Реал двапати ја освојуваше Евролигата, а минатата сезона беше прогласен за најкорисен играч на фајнал-форот во Каунас.
Според актуелниот договор, Таварес во Реал имал нето плата од 1.85 милиони евра годишно, а таа сега ќе порасне за речиси еден милион повеќе.