Имаа двојно државјанство, но нема никаква пречка за настап во Македонската репрезентација. Игра на сите надворешни позиции, а секоја година учи од Ивано Балиќ на камп, на кратко тоа е ракометниот талент Мишел Поп Андонов момчето кое дише за ракометот, потекнува од Штип а живее во Норвешка, која е „смртно“ заинтересирана да го види во дресот на оваа скандинавска земја.
Македонска ракометна надеж, кој својот пат го гради во ракометна Норвешка. Неговите игри и стил, допринесоа за него интерес да покаже и Норвешката репрезентација, но Мишел е јасен, се чувстува како Македонец и сака да игра за Македонија.
Мишел Поп Андонов е роден во Штип, 2007 година. Од 2016 година заедно со неговата фамилија живее во Норвешка каде игра и се школува. Од август ќе започнам со средно образование на спортска академија, насока – ракомет.
Мишел потекнува од спортско семејство од Штип во кое во минатото имаше кошаркари, каратисти, атлетичари, ракометари. Иако Мишел денеска игра ракомет, неговата прва љубов е кошарката, но тој сега целосно посветен на ракометот.
„Љубовта за спорт со топка ми се роди шуте кога бев многу мал во времето кога живеев во Македонија, кога и започнав со тренирање кошарка во мојот град Штип. Кога се преселивме со семејството во Норвешка, продолжив со кошарката, но поради слабата популарност на овој спорт овде, немаше смисла да продолжам. Така кога престанав со тренирање кошарка, полека почна да се раѓа интерес за ракомет, спорт кој е многу попопуларен овде. Прв пат започнав да тренирам ракомет во 2016 година, беше во ракометниот клуб Весби, во местото каде што и живеам. Токму за овој клуб настапував се до 2021/22 година, пред да се преселам во тимот на Ски Ил.„
Мишел е висок 1.90 и е исклучително подвижен, а периодот поминат во тренирање кошарка доста му помага во поглед на креацијата, па одлично се снаоѓа и во таа улога. Токму затоа може слободно да настапува на сите бековски позиции.
„Моја позиција е лев и централен бек, па играм таму каде што е потребно.
Во одредени ситуации и проценка на тренерите можам да покријам и десен бек“
Ракометот на бековските позиции секогаш имал врвни играчи кои се инспирација за многу деца ширум светот. Токму еден од таквите идоли е и нашиот Кирил Лазаров, кој имаше неверојатна кариера, па оттаму токму Лазаров е играч каков мишел сака да биде. Покрај Лазаров Мишел се восхитува на играта на Балиќ и Карабатиќ“
„Мој личен идол а мислам и на речиси сите млади играчи во Македонија е Кирил Лазаров.
Мој сон е да постигнам барем дел од тоа што тој го направи на клупски план но и општо за ракометот во Македонија. Постојано гледам видео и натпревар од многу врвни ракометари од кои се обидувам да ,,украдам’’ по некоја финта и да научам нешто ново како би бил подобар.
Има доста играчи кои ги следам, но можам да ги издвојам Никола Карабатиќ, Јури Кнорр, Алекс Душебаев и секако Ивано Балиќ“
Норвешка е земја во која се посветува многу внимание и средства за развој на Ракометот, а се организираат и многу ракометни кампови, на кои талентираните деца имаат можност да учат од најдобрите и на тој начин да напредуваат. Мишел до сега бил дел од многу кампови а паралелно и настапува за својот тим во неговата возраст 2007 и една генерација поголеми, 2006.
„Благодарение на моите родители имав можност да присуствувам на многу ракометни кампови во Норвешка, каде тренирав под водство на многу познати имиња од ракометниот свет.
Ќе ги спомнам: Летната школа на Елверум каде присуствувам секоја година, Лилестром кампот под водство на Робин Доннесен и Ивано Балиќ, Фоло летна и змиска ракометна школа и многу други.
Условите за работа се врвни, имаме 4 тренинзи во сала и еден во теретана во текот на една седмица. Паралелно на тренинзите се работи индивидуално со секој играч од различни позиции а тренинзите траат долго. Секога седмица имам 2-3 натпревари во генерацијата 20007 и 2006. Оваа сезона со мојот тим во генерација 2007 го освоивме првото место во нашиот источен регион“
Мишел во Македонија доаѓа за време на летниот распуст и за жал немал прилика да се запознае со начинот на работи, ниту да гледа натпревари во живо на нашата репрезентација, но е редовен поддржувач пред малите екрани. Пред неколку години присуствувал на натпреварот Вардар Елверум во Лигата на Шампионите.
„Во Македонија доаѓам само за летниот распуст и немав можност до сега да се запознам со начинот на тренинг и работа. Иако до сега немав можност да гледам натпревар на нашата репрезентација во сала, редовно ги следам натпреварите и на машката и на женската репрезентација на телевизија.
Пред неколку години во Норвешка присуствував на натпреварот помеѓу Евлерум и Вардар, каде се разбира навивав за Вардар“.
Мишел е голем ракометен потенцијал и со успех настапува во Норвешка, со што го привлече вниманието на тамошните ракометни работници а се појави интерес и да учествува на селективни кампови на Норвешката кадетска репрезентација. Иако Мишел има двојно државјанство сепак, се чувствува како Македонец и нега желба е да го облече Македонскиот дрес.
„Мој сон се разбира е еден ден да заиграм за македонската репрезентација.
Нема никакви пречки за тоа, со оглед на тоа што имам двојно државјанство.
Отсекогаш сум навивал за Македонија и секогаш мојот избор би бил.
Со срце за Македонија„
По завршувањето на оваа сезона, Мишел повторно ќе има активно лето и ќе учествува на повеќе ракометни кампови. Најпрвин во Хрватска а потоа доаѓа и во Македонија каде исто така ќе биде дел од ракометен камп.
„По завршувањето на школската година во Јуни со клубот ќе бидам дел од ракометна школа во Ровињ Хрватска, каде ќе бидеме дел од камп во периодот од 24.6 до 1.07, од каде веднаш заминувам за Охрид, каде за прв пат ќе бидам дел од ракометен камп во Македонија, што со нетрпение го очекувам“
Редакцијата на Спорт+ му благодари на Мишел за одвоеното време посакувајќи му многу успех, секако надевајќи се дека набрзо Мишел ќе го гледаме во македонскиот дрес, а дека заедно ќе се радуваме на многу успеси.