Еден од најдобрите стрелци во прволигашката конкуренција, Марко Стојанов, е нов ракометар на Бутел Скопје, соопштија од клубот.

Струмичанецот кој потекнува од екипата на Астраион и досега настапуваше само за матичниот клуб игра на левата бековска позиција. Стојанов (185/72) има 19 години и со Бутел Скопје се обврза на соработка на три сезони.

Претходно нашиот клуб го ангажираше тренерот Горан Кузманоски, договорите беа продолжени со Димитар Ѓоргиевски, Бојан Блажески и Кристијан Давитковски.

Нови играчи во Бутел Скопје се левиот бек Лука Иваниќ, десното крило Дамјан Георгиев и голманот Александар Стојаноски.