Семејството Глејзер, кое е сопственик на Манчестер Јунајтед, се откажало од продажбата на клубот на шеикот Јасим бин Хамад ал Тани од Катар, пренесуваат „Глобал Фајнанс“.
Според тие информации, меѓу петте членови на Управниот одбор на клубот од семејството Глејзер, нема договор за продажба на клубот и целиот бизнис вреден 6.милијарди долари би можел да пропадне.
Очекувано, навивачите на Манчестер Јунајтед, кои со години се во конфликт со семејството Гларез, не гледаат љубезно на нивниот потег и се очекува на почетокот на следната сезона во Премиер лигата, која стартува на 11 август, да има нова серија протести против сопствениците на клубот.
Американското семејство го купи клубот од „Олд Трафорд“ во 2005 година и веднаш влезе во конфликт со најжестоките поддржувачи на клубот, кои протестираат сите овие години, сметајќи дека Глејзерси го уништуваат клубот.