Првичната желба на соиграчот на Елмас, Виктор Осимен е пред исполнување.

Имено, Нигериецот при доделувањето на наградата за најдобар странец во италијанската Серија А за минатата сезона, истакна дека негов сон е Англија. Осимен е многу блиску до остварување на тој сон.

За фантастичниот напаѓач за кој деновиве пазарот е отворен, веќе се планирани средби со Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул, според новинарот Саса Таволиери.

Следната недела дополнително треба да се искристализираат понудите и намерите на тие три клуба.

Во шампионската сезона на Наполи блесна со 31 гол на 39 натпревари.