Уште една млада македонска ракометарка заминува на „печалба“.
Станува збор за Пена Граматова од следната сезона ќе настапува за словенскиот клуб Ждежеле Целје. Ова е прв интернационален предизвик за Пена.
Екипата на Целје претходната сезона заврши на третото место во словенечкото првенство, зад Крим и Млинотест Ајдовшчина.
Пена претходните две сезони беше дел од Куманово, со кој заедно го освоија Купот на Македонија.
Граматова освен за Куманово, го носеше и дресот на ЖРК Металург со кој има играно во европските купови.
Исто така, таа има настапувано и за кадетската и младинската репрезентација на Македонија.
Ивона Кимовска