Таквондистот Дејан Георгиевски го обезбеди првиот медал за Македонија на Европските игри во Краков, Полска.
Олимпискиот вице-првак во полуфиналето на категоријата +87 кгр. го победи со Иван Гарсија Мартиннез од Шпанија со 2:0 со што се избори за место во финалето, а со тоа и медал за Македонија.
Првата рунда Дејан ја доби со 4-2, на поени а во втората славеше со 8-3 .
Со оваа победа македонскиот адут ги оправда очекувањата и на Македонија и го обезбеди првиот медал.
Со како сјај ќе биде тој ќе дознаеме по финалната борба со Луис Канингам од Велика Британија, која е закажана за 20 часот и 35 минути.