Македонската младинска репрезентација за ракометарки до 19 години, го одигра последниот натпревар од турнирот ,,Четири Нации“. Македонија успеа да оствари победа над САД со 36:17 и го освои третото место на турнирот.
Воведните 20 минути се играше израмнето гол за гол (7-7). Во 29-тата минута со серија 3-0, Македонија поведе со 11:7. Па црвено-жолтите на полувреме заминаа со четири гола предност (12:8).
Втората половина, Македонија ја започна одлично, па во 37-тата минута имавме +9. Црвено-жолтите само ја зголемуваа предноста. Македонската репрезентација во 50-та минута имаше предност од најголеми 16 гола (30:14). Последните десет минути беа само формалност па на крајниот резултат беше 36:17.
Најефикасни во нашата репрезентација беа Нена Несторовска и Ива Младеновска со седум погодоци.
Овие натпревари се дел од подготовките за Европското првенство што ќе се одржи во Романија, на кое Македонија ќе игра во Д групата во која за противнички ќе ги има селекциите на Данска, Црна Гора и Чешка.
Ивона Кимовска