Македонската младинска репрезентација за ракометарки до 19 години, денес го одигра вториот натпревар од турнирот “Четири Нации” против Холандија. Македонија загуби Холандија со 21:26.
Натпреварот започна со по еден гол на двете страни, откако Македонија со серија 2-0 и поведе со 3:1. Холандија не се предаваше и успеа да израмни на 3:3 во 9-тата минута. Во 20-тата минута, Холандија поведе со предност од +3, но нашите репрезентативки успеаја да стигнат и израмнат на 8:8. На полувремето се замина со израмнети 10:10.
Во втората половина. Македонија успеа да поведе со два разлика (14:12), а предноста ја одржуваше се до 47-тата минута, кога Холандија израмни на 17:17. Во последните пет минути од натпреварот, Холандија со серија од 4-0 поведе со 22:18 што се покажа како решавачки за крајниот исход на натпреварот, па Холандија славеше со 26:21.
Најефикасна од македонската репрезентација беше Марија Јанковска со пет погодоци, додека Дуковска и Коловска имаа по четири гола.
Во последниот натпревар, закажан за утре (сабота) од 12 часот нашите младинки ќе играат против Американките.
Овие натпревари се дел од подготовките за Европското првенство што ќе се одржи во Романија, на кое Македонија ќе игра во Д групата во која за противнички ќе ги има селекциите на Данска, Црна Гора и Чешка.
Ивона Кимовска